Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на Раиси

Парламент во Иран / Фото EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Новиот ирански денеска за првпат се состана во Техеран, неколку дена по смртоносната хеликоптерска несреќа во која загинаа претседателот и министерот за надворешни работи на земјата.

Државното радио јави дека пратениците во Исламското консултативно собрание ја отвориле првата седница од законодавниот период со цитати од Куранот.

Во наредните денови треба да се избере нов собраниски спикер. Актуелниот претседател Мохамад Багер Галибаф се кандидира за реизбор против верскиот конзервативец Мојтаба Зонур и поранешниот министер за надворешни работи Манучер Мотаки.

Како што јави ДПА, изборите во Иран не се сметаат за слободни ниту за фер, бидејќи Советот на чувари на земјата, надзорно тело на исламски свештеници и адвокати, мора да ги одобри сите кандидати пред да можат да се кандидираат. Изборите се одржаа во два круга во март и мај во услови на историски низок одѕив од околу 40 проценти.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на границата со Азербејџан пред повеќе од една недела. Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека повеќе од три милиони луѓе присуствувале на погребот на Раиси во североисточниот град Машхад во четвртокот по неколкудневна национална жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот