Косово бара УЕФА да ја казни Србија

Фото: ФФК

Фудбалскиот сојуз на Косово испрати жалба до УЕФА поради како што велат „политичките, шовинистичките и расистичките пораки против Косово“ во натпреварот кој Србија го играше против Англија.

Во вчерашниот натпревар Србија беше поразена од Англија, а во текот на денот беа забележани и неколку инциденти помеѓу српски и албански навивачи.

„Фудбалскиот сојуз на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување  знамиња, слогани и шовинистички и расистички пораки од српските навивачи. Прикажување на такви пораки на еден голем настан како Европското првенство е неразумно и апсурдно. ФФК испрати жалба  со неопходните докази до УЕФА и бара преземање дициплински мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија“, стои помеѓудругото во соопштението од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот