Прва лига: Пелистер за финале против ТФТ во кошаркарскиот плеј-оф

фото: kfsm.mk

Пелистер во „мајсторката“ од четвртфиналниот плеј-оф во Првата македонска кошаркарска лига го совлада Феникс 2010 со конечен резултат 81:56.

Битолската екипа за пласман во големото финале ќе игра против составот на ТФТ Mozzart кој претходно го елиминираше Еуро Никел.

Во победничките редови Бобан Стајиќ беше најефикасен со 19 поени, запишувајќи и пет скока и три асистенции.

На спротивната страна блескаше Амар Хот кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 11 скока.

Во втората полуфинална пресметка МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите против Работнички кој беше подобар од Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот