Прва лига: Чаир го изненади Работнички

Фото: КФСМ

Дебитантот Чаир во Првата лига го изненади најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички.

Денес во рамките од третото коло Чаир на домашен терен во драматична завршница го совлада Работнички со 83:82. Имаа шанси гостинските кошаркари да дојдат до победа, но во последните секунди Декоси не погоди двапати под обрачот.

Домаќините осиграа одлично во првата четвртина која ја добија со 30:15. Гостите се разбудија во вториот период каде што беа подобри за седум поени (17:24), но на пауза Чаир водеше со 47:39.

Во второто полувреме Чаир ја одржуваше минималната предност и на крајот ги освои бодовите.

Корберт со 25 поени и 11 скока беше прв стрелец во редовите на Чир, додека кај Работнички по 15 поени постигнаа Декоси, Рикиќ и Трис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот