Прва изјава на Драгана Мирковиќ по веста за разводот: Тешко ми е како во 90-тите…

Фото: Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ за првпат јавно проговори за разводот со Тони Бијелиќ, откако јавноста и официјално беше информирана дека долго време не се заедно.

Таа беше домаќин на тимот на хрватскиот медиум „24сата.хр“ во замок во близина на Виена, а на прашањето за разделбата со Тони, пејачката се расплака.

„Ова е многу тежок период за мене, исто како 90-тите. Поминувам низ многу тежок период, но кога е најтешко, тогаш сум најсилна“, рекла Драгана со солзи во очите.

Во разговорот со хрватскиот медиум пејачката откри дека сè уште не е подготвена да зборува за деталите од разводот, но потенцираше дека немала друг избор и дека помирувањето не е опција. Како што објасни во официјалното соопштение, со сопругот не била во добри односи во последните три години.

Инаку, српските медиуми објавија дека нејзиниот поранешен сопруг веќе има нова девојка со која живее во Германија.

„Изминатиот период беше многу тежок за Драгана. Се појавија приказни дека Тони има нова партнерка, но таа не сакаше да слушне ништо за тоа. Цели три години криеше од јавноста дека се разделени. Во декември, кога почина мајката на Тони и беше особено тешко, како поради загубата, така и поради нивната врска, која не се промени ниту по трагедијата. Во последнава година, таа буквално стискаше заби поради него, а бидејќи не можеше повеќе – реши на сите да им признае каква е состојбата“, раскажал изворот.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот