Невестата морала да спие со сите мажи - Слободен печат
ЗабаваМагазин

Прва брачна ноќ: Невестата морала да спие со сите мажи на венчавката

Девојките кои пред бракот ја изгубиле невиноста се труделе тоа да го скријат од новопечениот сопруг така што го лажирале крварењето со платно натопено со крв.

Првата брачна ноќ има посебно место во бројни култури. Колку тоа било важно потврдува и појавата на лажна невиност во Европа во текот на 19 век. Девојките кои пред бракот ја изгубиле невиноста се труделе тоа да го скријат од новопечениот сопруг така што го лажирале крварењето со платно натопено со крв. Исто така се зашивале и гениталиите.

Секс со сите мажи на венчавката
На Маркижанскиот Остров во Француска Полинезија првата брачна ноќ почнувала со песни и танцување, а потоа и со сексуален однос. Младенката требала да спие со сите мажи кои биле поканети на венчавката, а прв на редот бил најстариот маж, а не младоженецот.

Право на прва брачна ноќ
Во Средниот век во Европа важело правилото на прва брачна ноќ. Благородниците имале право на невиноста на невестата. Во историските списи е наведено дека селанецот невиноста на својата сопруга можел да ја спаси со плаќање данок.

Плаќање за невиност
Во африканската земја Бенин невиноста е на цена. Мајката ветува дека на својата ќерка ќе ѝ даде пари ако се покаже дека на првата брачна ноќ била невина. Како доказ таа бара крв на чаршафите.

Сведоци на првиот секс
Во минатото во Јапонија младоженецот ја пренесувал невестата преку прагот за да се осигури дека нема да падне и на тој начин да донесе несреќа на нивниот брак. Бидејќи невиноста на невестата била исклучиво важна, по влегувањето на новиот брачен пар во спалната, би им се придружувале однапред избраните роднини и пријатели, чија задача била да посведочат на нивниот прв брачен секс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close