Прв олимписки медал во историјата на Доминика која има нешто повеќе од 70.000 жители
Доминика, мала карипска земја со само 72.000 жители, го запиша своето име во олимписката историја благодарение на Теа Лафонд (30).
На Олимписките игри во Париз, Лафонд го освои златото во трискок, со што го донесе првиот олимписки медал за нејзината земја.
Во решавачкиот втор круг на натпреварувањето, Лафонд оствари резултат од 15,02 метри, за освојување на највисокото скалило на подиумот.
На второто место се најде Шаниека Рикетс од Јамајка (32) со скок од 14,87 метри, додека на третата позиција се најде Американката Џасмин Мур (23) која имаше скок од 14,67 метри.
Оваа историска победа за Доминика доаѓа по извонредниот настап на Лафонд, кој докажа дека ѝ малите земји можат да постигнат големи успеси на светската спортска сцена.