Прсти да излижеш: Полнети печени компири со фил од пица

Направете го овој превкусен рецепт и израдувајте ги домашните, убедени сме дека сите ќе уживаат во супервкусот на овие полнети печени компири со фил од пица.

Потребни состојки:

– 4 средни печени компири

– 2 лажици путер

– прстофат сол и бибер

– 16 парчиња тенко исечен кулен (или друг вид сувомесен производ)

– 250 г рендана моцарела

– 250 мл доматно пире

– 1 лажичка италијански микс од зачини (бибер, нане, оригано, лук, босилек, сушен кромид, сушен магданос, семе од целер)

Начин на подготовка:

1. Компирите испечете ги со лушпата и оставете ги да се оладат.

2. Откако ќе се подоладат, пресечете ги на половина по должина и издлабете им ја средината. Средината искористете ја за некое друго јадење.

3. Растопете го путерот и со четка намачкајте ги компирите од сите страни. Потоа ставете им сол и бибер по вкус и поtпечете ги на скара или на плотна, за да станат крцкави. Убаво испечете ги од двете страни и внимавајте да не ви изгорат премногу.

4. Откако ќе ги тргнете од скарата, наполнете ги со моцарела и одозгора ставете 2 парчиња кулен. Ставете малку и од мешаниот зачин.

5. Потоа вратете ги компирите повторно на скара, но овој пат многу пократко, само да се растопи моцарелата.

6. Послужете ги со доматен сос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот