Прскање против комарци на 5 и 6 септември во Скопје

Прскање против комарци
фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Град Скопје соопшти дека на 5 септември (четврток) и 6 септември (петок) во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на градот.

Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, ќе почне на 10 септември и ќе заврши најдоцна до 14 септември, во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, информираат од Град Скопје.

Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот