Проверете дали срцето ви е здраво: Едноставен тест од 30 секунди

За здрав и долг живот одговорно е срцето, затоа е неопходно да водите сметка за неговото здравје.

Постои тест со кој можете да проверите како срцето ви функционира.

За овој тест ќе ви биде потребен еден малку поголем сад, доволно голем за во него да можете да ги ставете двете раце. Во садот ставете ладна вода, а не е лошо да додадете и неколку коцки мраз.

Потопете ги рацете во водата и оставете ги точно 30 секунди. Тоа ќе ви помогне да знаете како крвта реагира во контакт со студот.

Ако врвовите на прстите ви поцрвенат, тоа е добра вест, бидејќи значи дека срцето и циркулацијата на крвта ви се сосема здрави.

Ако прстите ви станат бледи или добијат сини и виолетови тонови, можно е да имате проблем со циркулацијата.

Алармантна состојба и време да посетите доктор е ако забележите и некои од пвие симптоми: краток здив, грозница, главоболка, болка во градите, потење, трнење на рацете, нозете, прстите на рацете или нозете или вртоглавица.

Храна која го подобрува здравјето на срцето:
– лук
– црно чоколадо
– цимет
– авокадо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот