Провалници влегле во имотот на кралицата Елизабета

Profimedia
Британската кралица Елизабета / Фото: Профимедиа
  • Непознат маж и девојка упаднале во имотот на кралицата Елизабета во Виндзор. Упадот се случил минатата недела, но таа вест дури сега е потврдена за британските медиуми.

Лицата кои се осомничени се на 31-годишна и 29-годишна возраст, а истите наводно, ги прескокнале оградите во кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Во тоа време кралицата не била на имотот, а провалниците сепак на крајот биле уапсени веднаш до црквата и домот на синот на кралицата, принцот Ендру, кој во тоа време бил дома.

„Двојката шетала околу прекрасниот имот со часови, без никој да ги забележи, тоа е срамота“, велат извори блиски до кралицата.

Дури и пред тоа, обезбедувањето било дополнително подготвено, бидејќи неколку дена претходно, тие по грешка пуштиле непозната жена да влезе во имотот на кралицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот