Протести во Барселона, „Ел Класико“ во Мадрид!?

twitter.com/English_AS

Таму каде што политиката се меша, спортот е во „втор план“. Како што некогаш беше толку близок до властите, особено во времето на генералот Франко, така е сега Барселона под силно влијание на партиите за независност на Каталонија, што на крајот би можело да доведе до поместување на првото „Ел Класико“ оваа сезона од „Камп Ноу“ на „Сантјаго Бернабеу“ во шпанскиот главен град.

На 26. октомври, кога е предвидено да се игра дерби мечот меѓу актуелниот шпански шампион Барселона и Реал Мадрид (13.00 часот), најавени се масовни демонстрации на улиците на Барселона поради процесот кој се води против бунтовниците. Или заговорниците за независност, зависно од која перспектива се гледа.

Дека ситуацијата во Барселона е напната говори и фактот што вчера биле повредени 51 демонстрант, 125 побарале лекарска помош, додека најавите дека нередите ќе се зголемуваат и прошируваат укажуваат дека дербито меѓу Барселона и Реал ќе се премести на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Тоа е предлогот изнесен денеска од Фудбалската федерација на Шпанија пред Натпреварувачката комисија Комитетот за натпревари, кој во договор со клубовите, треба да одлучи што е најдобро. Доколку се направи ротација, тогаш Реал ќе биде домаќин на првото дерби, а второто во „Ла Лига“ напролет планирано за 1 март, ќе се игра на „Камп Ноу“.

Претходните денови Барселона како клуб, потоа Жерар Пике, како и нејзиниот поранешен капитен Чави Ернандез, јавно изразија незадоволство поради почетокот на судскиот процес против бунтовниците и каталонските лидери кои го предводеа референдумот за независност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот