Се огласи и ФК Барселона: Затвор не е решението!

twitter.com/LaLigaBRA

По повод пресудите за каталонските лидери кои добија казни до 13 години затвор од Врховниот суд во Мадрид, се огласи и еден од најпознатите и најдобрите фудбалски клубови во светот, Барселона.

Фудбалскиот клуб Барселона како еден од водечките субјекти во Каталонија и во согласност со неговиот историски запис, за одбрана на слободата на изразување и право на одлучување, денес, по осудувачката одлука донесена од Врховниот суд во врска со отворениот процес против каталонските граѓани и политички лидери, изјавува дека:

– Превентивната затворска казна не помага да се реши конфликтот, ниту денешните затворски казни, бидејќи затвор не е решението.

Решавањето на конфликтот во Каталонија мора да оди особено преку политички дијалог.

Затоа, сега повеќе од кога било, клубот бара од сите политички лидери да водат процес на дијалог и преговори за решавање на овој конфликт, што исто така треба да овозможи ослободување на осудените граѓани и политички лидери.

ФК Барселона, исто така, ја изразува целата своја поддршка и солидарност на семејствата на оние кои се лишени од слобода  – ФК Барселона.

Од претходно се шпекулираше дека доколку биде прогласена независност на Каталонија, тогаш се поставува прашањето дали и во таков случајот каталонските клубови би продолжиле да настапуваат во најсилната шпанска фудбалска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот