Протест на тутунарите пред Влада: Ништо не е исполнето од ветеното, едно се договаравме, друго е на терен

Фото: facebook

Ништо од ветеното на Владата не е исполнето, откупот на тутунот продолжува по катастрофална цена, реагираа револтираните тутунопроизводители за време на денешниот протест пред Владата. Нивните забелешки одат и за динамиката на откупот, квалиитетниот тутун, велат, се откупува по пониска цена и ако вака се продолжи, според нив, 120.000 семејства ќе бидат на раб на егзистенција. Истакнуваат дека владиното ветување за откуп на тутун по просечна цена од 180 денари не било исполни.

– Едно се договаравме, друго е на терен. Верувавме дека ќе добиеме помош, се случи да биде полошо. Проценките падна пониско, откупот уште повеќе стагнира и денес на места имаме откуп од 100 на пакети од класи на „тројка“ и „четворка“. Цената на „четворката“ е различна и варира од 65 до 70 денари, па сè до 90 денари, рече тутунопроизводителот Васко Јосифовски.

Тутунарите бараат итно укинување на четвртата класа, како и сигурен откуп на вишокот на тутун што е произведен.

– Апелирам до министрството да го повлече новиот закон. Вишок тутун нема, надворешен тутун има. Македонија е полна со тутун однадвор. Зошто го увезуваат? – Нека ни го дадат ние да го садиме тој тутун, а не да внесува кој колку сака, рече тутунопроизводителот Џевад Сали.

Тутунопроизводителите на протестот добија поддршка и од лозарите, според кои земјоделството е најнеценет сектор во нашата држава. Доколку нема решение со откупната цена што во просек се движи од 120 до 160 денари, тутунопроизводителите најавија нови протести, меѓутоа со блокади во градовите каде што живеат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот