Протест на грчките студенти и средношколци за трагедијата во Темпи
Грчките студенти и средношколци денеска протестираат по повод злосторството во Темпи, додека во Парламентот се расправа за барањето недоверба на владата. На митингот ќе учествуваат студентски здруженија од универзитетите во Атика, а покана упати и Атинскиот студентски координативен комитет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседниците на студентските здруженија почнаа во 11:00 часот по локално време.
„Заедно со нашите браќа студенти протестираме. Сакаа да молчиме, го кренавме гласот. Овој криминал нема да биде прикриен“, се нагласува во соопштението на студентите.
Освен во Атина студентите денеска излегуваат на улиците и во Солун, а протестот почнува во 12 часот кај Статуата на Венизелос.
Повици за студентски собири има и во другите грчки градови: Лариса, Волос, Трикала, Патрас, Агринио, Пиргос, Аргостоли, Закинтос, Ираклион и Ханија, додека постојано има нови најави за мобилизации во различни области.
По наредба на грчката национална полиција, метро станиците во Атина беа затворени од 10:00 часот наутро поради собирите.
Во исто време, неколку станици од метрото во Солун исто така се затворени, по наредба на полициските власти.
Подоцна попладне, работничките здруженија, федерациите и синдикатите организираат нов митинг за Темпи на плоштадот Синтагма во Атина на кој повторно ќе побараат правда за жртвите од трагедијата во Темпи кога во железничка несреќа на 28 февруари 2023 година загинаа 57, претежно млади лица, а стотина беа повредени.


