Протест „1 од 5 милиони“ во Белград: Универзитетот е слободен!

Фото: РТС

Вечерва во Белград се одржа 51. протест „1 од 5 милиони“. Протестот почна со собри на граѓаните на платото пред Филозофскиот факултет, по што учесниците на протестот тргнале до Министерството за финансии, јави РТС.

На насобраните граѓани на платото пред факултетот им се обратија професорот Слободан Првановиќ и професорката Билјана Стојковиќ

Професорот Првановиќ истакна дека се собрале со цел „да го прослават спасот на Белградскиот универзитет“.

– Благодарение на студентите од „1 од 5 милиони“ Белгардскиот универзитет е спасен од целосна пропаст… Им благодарам на студентите кои со блокада на Ректоратот, нивната храброст, издржливост и сила, успеаја да го спасат Белгардскиот универзитет – порача Првановиќ.

Професорката Стојковиќ им честиташе на студентите и професорите слободен Универзитет.

– Претходните два дена се разрешија две заложнички кризи во Србија. Во петокот, еден терорист влезе во едно одделение во едно училиште во Србија и ги држеше децата неколку часа. Учениците го викнале наставникот и тој го разоружал терористот. Другата заложничка криза траеше значително подолго, траеше 6 години.Заложник не беше само еден ученички клас, беше цел Универзитет. Заложник беше универзитетската чесност, интегритет, гордоста на Универзитетот. Сето тоа беше заложник во текот на последните шест години под оваа власт. Србија седум години е во заложничка криза која се уште не е разрешена – рече Стојковиќ.

По ова, учесниците на протестот се упатија до Министерството за финансии кое го предводи Синиша Мали, а на чело на колоната беа студентите и професорите.

Белградскиот универзитет утврди дека докторатот на министерот за финансии Синиша Мали е плагијат. По ова, претседателот Александар Вучиќ оцени дека одлуката на Одборот за професионална етика на Универзитетот во Белград е донесена под „политичко-физички притисок“. Тој изјави дека „не се поклонува на политикантски одлуки“ и дека му е најважно што министерот Мали „одлично ја врши својата работа“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот