Просинечки пред мечот во Анталија: Ривал по мерка, Македонија има добра репрезентација

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

На 25 март во Анталија, Турција, македонската фудбалска А репрезентација со почеток од 18.00 часот ќе игра пријателски натпревар против Црна Гора.

Три дена порано избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе тестираат против селекцијата на Молдавија.

Од февруари селектор на Црногорците е Роберт Просинечки, кој пред дуелот со Македонија, ќе има и контролен меч против Белорусија.

Македонија и Црна Гора до сега се имаат сретнато три пати, исто така во контролни средби. Првата ја добија Црногорците во Подгорица во 2008 година со 2:1, потоа во Скопје во 2010 година триумфиравме со 2:1, а славевме и во 2015 година повторно во нашиот главен град овојпат убедливо со 4:1.

– Резултатот е секогаш важен, но сега не е најважен, особено што сме во период на запознавање и ги играме првите натпревари од моето доаѓање. Мислам дека имаме противници кои ни се по мерка, особено Македонците кои беа на Европското првенство 2020, вистина со друга генерација, но сепак се добра репрезентација. Белорусите се секогаш незгодни, имаат добри резултати во последно време. Нè чекаат добри два натпревари, каде најважен не е резултатот, туку да направиме многу ротации и сите играат – вели Просинечки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот