Просинечки: Македонците не изгледаа добро против Молдавија, помотивирани ќе бидат против нас

Роберт Просинечки, селекторот на црногорската фудбалска репрезентација/фото: fscg.me

Во понеделник од 18.00 часот во Анталија македонската фудбалска А репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора.

Во петокот избраниците на селекторот Благоја Милевски на стадионот „Мардан“ ремизираа против селекцијата на Молдавија со резултат 1:1.

Милевски по тој меч истакна дека неговите фудбалери од создадените прилики можеа да постигнат уште некој гол, па пред утрешниот дуел посакува реализацијата да биде подобра.

И новиот селектор на Црногорците Роберт Просинечки е свесен дека Македонија не се покажа во најдобро светло против Молдавците. Просинечки најави во дека во однос на мечот со Белорусија кој го добија Црногорците со 2:0 ќе има дури 10 промени, а во стартниот состав ќе остане само Јоветиќ.

– Нè чека малку посилен противник, но клучното е што момците добро работеа во изминатите шест дена, атмосферата е добра, а секогаш е уште подобро кога победувате. Така е во фудбалот. Веднаш видов дека односот меѓу играчите е одличен, многу е полесно да се работи на тој начин. Тоа е суштината на сè. Се запознавме, се обидовме да наметнеме поинаков стил, да играме и сето тоа беше многу добро на првиот меч – рече Просинечки.

Црногорскиот селектор воедно го коментираше натпреварот на Македонија против Молдавија:

– Го гледавме натпреварот, не изгледаа добро Македонците. Сигурно ќе бидат помотивирани против нас, ќе сакаат да победат и да го подобрат впечатокот. Имаат одличен индивидуален квалитет, нивните играчи прават разлика во добрите клубови. Нема да биде воопшто лесен натпревар. Но, ние сме оптимисти, момците работат добро, а не се ни уморни бидејќи ќе го освежиме тимот. Сигурно ќе биде интересно – се зборовите на Просинечки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот