Денешната пресуда е петта по ред која ја изрекува Основниот кривичен суд Скопје во случај во кој обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиески.

Пропадна правната битка за одложување на „ТНТ“

Не успеа намерата на дел од обвинетите и нивните правни застапници денеска да се одложи продолжението на рочиштето за случајот „ТНТ“ кој се однесува на незаконското уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на Фијат Цаноски.

– Ме ставате во непријатна положба. Јас вака не можам да го бранан Миле Јанакиески. Има огромен број докази. Адвокатот сака да ја одолговлекува постапката, реагираше адвокатот Јовица Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми рече дека имало фингираната караница помеѓу обвинетиот Тони Трајковски и неговиот адвокат Боро Тасевски.

– Судот не смее да го дозволи ова. Треба да продолжиме со постапката – рече обвинителот Рустеми.

Обвинетиот Тони Трајковски реагираше што бил споменат како член на некаква група и побара од судот да реагира.

По бурните реакции од адвокатите и обвинетите, судијата Огнен Ставрев му даде збор на адвокатот Еленко Миланов да го испраша неговиот клиент Миле Јанакиески.

Обвинетиот Јанакиески рече дека од 2006 до 2015 година бил министер за транспорт и врски.

– Дозволите за градба на објекти како куќи и станбени објекти каков што е и посочениот комплекс „Космос“ не ги издаваше Министерството за транспорт и врски, туку локалните самоуправи. За сите надлежности за овој објект надлежност имала општина Гази Баба – рече Јанакиески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот