Пронајдена граната од Првата светска војна

Архива: Граната / Фото: МИА

Од страна на пиротехничар била подигната артилериска граната од Првата светска војна. 

Во полициското одделение Велушина вчера во 11 часот Б.Б. (40) од село Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во селото, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот, соопштија денеска од МВР, а од страна на пиротехничар од ДЗС била подигната артилериска граната 75 милиметри од Првата светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот