Пронајдена црната кутија на пакистанскиот патнички авион

На местото каде што вчера се урна пакистанскиот патнички авион „Ербас” е пронајдена црната кутија, соопшти денеска претставникот на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал ерлајнс”, Абдулах Кан.

– Црната кутија со комплетните податоци за летот и снимената комуникација е пронајдена доцна синоќа и предадена е на истражната комисија, потврди Кан.

Во вчерашниот пад на пакистанскиот авион загинаа 97 патници и членови на екипажот. Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, кој е еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот