Промоција и изложба на Христо Петрески

Во Културно информативниот центар во Скопје, денеска ќе се одржи промоција на најновата книга и изложба на писателот и сликар Христо Петрески.

За најновата поетска книга „Здив“, ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, а за ликовното творештво на Петрески ќе зборува проф. д-р Кирил Темков.

Петрески е автор на повеќе од дваесет поетски книги, а има реализирано и над петнаесет самостојни ликовни изложби во земјава и странство.

Петрески е добитник на голем број републички и меѓународни награди, меѓу кои и на: Ацо Шопов, Рациново признание, Гоцева повелба, Ванчо Николески, Јован Котески, Васил Куноски, Крсте Петков Мисирков, Иво Андриќ, Гогољ, Радое Домановиќ, Борисав Станковиќ, Гран при, Книжевно перо и повеќе други награди и признанија.

Како ликовен творец бил учесник на неколку македонски и на две меѓународни ликовни колонии во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот