„Проколнатата плажа“ во Грција: Само овој месец се удавиле околу десет лица, а за сè е виновен еден феномен

Фото: Принтскрин

Златко Белиќ од Горњи Милановац во неделата се удави под ужасни околности на „проколнатата плажа“ во Сарти, каде само овој месец се удавиле околу десет лица, пишува Блиц.рс.

Според локалните медиуми, само минатиот викенд, две лица се удавиле на оваа плажа, каде животот го загуби и техничкиот директор на компанијата „Рудник“. Златко, иако, како што рекоа неговите колеги, бил добар пливач, се удавил во плиткото. Се сомнева дека струи и големи бранови го влечеле во вода.

Локалните медиуми наведуваат дека на градската плажа во Сарти, многу е важно да се биде внимателен и да се препознае феноменот „Rip current“ по кој е позната оваа „проколната плажа“. Како што објаснуваат тие, тој феномен од копното изгледа како да се појавува „лента“ во морето.

„Ако некое лице го влече струја на тоа место, таа го влече на отворено море“, наведуваат локалните медиуми.

Како што објаснуваат, ако се најдете во оваа ситуација, многу е важно да бидете смирени, да ја држите главата над вода и никако да не пливате кон брегот.

„Тогаш дури ни професионалните пливачи не можат да излезат. Иако во моментот изгледа застрашувачки, потребно е да се остави „водата да ве носи“. Во еден момент струјата ќе попушти, па пливачот ќе биде исфрлен во близина на крајбрежјето и преостанува само да плива паралелно со брегот, никако кон него“, ги наведуваат локалните медиуми советите на спасувачите од Грција.

Препораката на спасувачите е да се обрне внимание на црвеното знаме, што значи да не се влегува во морето, поради јачината на струјата и големината на брановите. Особено е важно да обрнете внимание ако се најдете на ваква плажа со деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот