Фото: Промо

Прогнозите не се остварија: „Приказната за Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите предвидувања важеше за кандидат за Оскар.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година.

– Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. „Силјан“ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело – изјави Котевска.

Оваа година имаше убедливо најголема конкуренција за документарни филмови, категорија од 201 филм. Во тесниот избор на филмови за најдобар странски филм се квалификуваа вкупно 86, како и листата за најдобар анимиран филм, каде имаше конкуренција од вкупно 35 филмови.

„Приказната за Силјан“ на Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи „Нешнал географик“, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на интернационални фестивали.

Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Филмот продолжува да си го живее својот пат во киносалите.

Листата на филмовите кои влегоа во трката за Оскари може да ја погледнeте TУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот