Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Денешниот ден е важен, бидејќи е осуден човек чие име многу луѓе во минатоито се плашеа да му го спомнат, рече, Беса Арифи, професорка по казнено право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Таа истакна оти е особено важно што предметот „Таргет-Тврдина“ добил правна разрешница, но не заборави да ја апострофира и пораката што судот ја испрати до јавноста.

– Важен ден за правдата во Северна Македонија, имајќи предвид дека предметот „Таргет-Тврдина“ беше „мајка“ на сите случаи што произлегоа од поранешното Специјално Јавно Обвинителство и кој денеска доби првостепена пресуда. Денот е важен и затоа што многу моќен човек од кој многумина се плашеа и името да му го споменат, завршува како осуден човек со сериозна затворска казна од 12 години. Според мене, со ваквата пресуда, судот испрати порака дека кривичното дело е тешко и не треба да се повтори од секој кој што може да дојде во позицијата на сила каква што имаше Мијалков, истакна Арифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот