Продолжен рокот за барање субвенции за млеко и несилки, почнува и аплицирањето за предадено јагне

По барање на фармерите продолжен е рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот мај – септември 2019 година, како и рокот за барање субвенции за несилките заклани во регистрирани кланични капацитети од мај до септември годинава.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, новиот рок за доставување на барањата е 22 ноември 2019.

– Од денеска може да се поднесуваат и барањата за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 декември, информира Бабовски.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка, можат да ги поднесат барањата електронски. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб-страницата на Агенцијата.

– Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат/поднесат електонско барање, може да побараат помош во подрачните единици на Mинистерството за земјоделство, информира Платежната агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот