Процентот на убиени цивили во Газа е поголем отколку во сите други конфликти во 20 век

Израел бомбардирање во Газа/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелското бомбардирање на Газа е најнеселективно во однос на бројот на цивилни жртви во таа област во изминатите години, а уделот на цивилни жртви во вкупниот број во војната меѓу Израел и Хамас во Газа е значително поголем отколку во сите војни во светот во текот на 20 век, според анализата која денеска ја објави израелскиот весник Хаарец.
Анализата покажа дека во трите претходни конфликти во Газа од 2012 до 2022 година уделот на цивилните жртви во вкупниот број бил околу 40 отсто, додека во бомбардирањето во „Операцијата Штит и стрела“ годинава изнесувал 33 отсто.

За три недели од последната операција „Железни мечеви“ во Газа, уделот на цивилните жртви во вкупниот број е 61 процент, што весникот „Хаарец“ го опиша како „убивање без преседан“.

Тој процент од Газа е значително поголем од билансот на цивилни жртви во сите конфликти во светот во текот на 20 век, во кои цивилите сочинуваат околу половина од загинатите.

„Заклучокот е дека масовното убивање цивили не само што воопшто не придонесува за безбедноста на Израел, туку може дополнително да ја поткопа“, пишува Хаарец, кој верува дека жителите на Газа кои ќе излезат од урнатините на нивните домови и по загубата на нивните семејства ќе бараат одмазда која нема да може да издржи никакви безбедносни аранжмани.

Оваа анализа ја потврди истрагата пред десет дена на два израелски сајтови за вести – „Магазин +972“ и „Локален повик“ – која откри дека Израел намерно цели станбени блокови за да предизвика големи цивилни жртви со надеж дека народот ќе се сврти против нивниот владетел Хамас.

Британски „Гардијан“ наведува дека овие бројки ќе предизвикаат непријатност во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, која се соочува со општа критика и изолација бидејќи стави вето на синоќешното гласање на Советот за безбедност на ОН за барањето на светот за прекин на огнот во Газа.

За време на војната предизвикана од смртоносните напади врз Израел на 7 октомври од страна на Хамас, САД се обидоа да ги убедат израелските сили да бидат поселективни во нивното таргетирање, но и покрај постојано високиот биланс на цивилни жртви, постојано тврдеа дека ИДФ (Израелските одбранбени сили) го прифаќаат американскиот совет.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, го повтори ова на вчерашниот брифинг со новинарите, но додаде дека „сите признаваат дека може да се направи повеќе за да се намалат цивилните жртви“, најавувајќи дека ќе работи со своите израелски колеги за да го постигне тоа.

САД му даваат дипломатска поддршка на Израел и испраќаат оружје, со што ризикуваат да бидат соучесници во воените злосторства, предупреди меѓународната организација „Хјуман рајтс воч, а организацијата Амнести интернешнл оцени дека САД, со своето вето во Советот за безбедност на ОН, „свртеа има грб на огромното страдање на цивилите, бројот на жртви и хуманитарната катастрофа без преседан во Газа“.

Според тамошното Министерство за здравство, околу 70 отсто од речиси 17.500 лица убиени во Газа од 7 октомври се жени и деца, а 46.000 луѓе биле ранети во израелските напади.

Резултатите од анализата беа објавени денеска додека израелските сили се обидуваат да ја консолидираат контролата над северниот дел на Газа и ги бомбардираа квартот Шеџаи во градот Газа и Рафа, на јужната граница со Египет, каде што израелската војска претходно им порача на Палестинците да се евакуираат.

Не е јасно колку луѓе починале во изминатите 24 часа, но главната болница во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа соопшти дека 71 тело биле донесени, а 62 биле префрлени во болницата Насер во вториот по големина град на палестинската територија Кан Јунис на југ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот