Проблеми пред финалето, сите фудбалери на Италија мора да бидат тестирани на ковид-19
Италијанските фудбалери ќе бидат тестирани на коронавирус на два дена пред финалето на Европското првенство, откако тројцата членови на телевизиската екипа „Раи Спорт“ кои ја следат репрезентацијата се позитивни на ковид-19.
Препорачано
Двајца вработени во добро познатата медиумска куќа кои беа позитивни на тестот пристигнаа во Лондон, каде на програмата е последниот дуел на Европското првенство и финалето со Англија в недела, а третиот новинар ги следеше од блиску фудбалерите во репрезентативниот тренинг камп.
Штом дознаа за позитивните тестови кај луѓето од „Раи Спорт“, во италијанската репрезентација се одлучија да ги тестираат сите фудбалери.
Информациите велат дека нема паника во редовите на Манчини, бидејќи сите играчи од претходно се вакцинирани, но Италијанците не оставаат ништо на случајноста.
Финалето на Европското првенство помеѓу Италија и Англија ќе се игра на 11 јули со почеток од 21.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.
ФОТО: Англичаните се срамат од своите навивачи, со ласер го попречуваа Шмајхел
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9час
-
10час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


