„Призма“: За седум години, Груевски им „истурил“ фантастични 26 милиони евра на телевизиите

Фото: Призма

Конечно сега знаеме колку чинела десетгодишната симбиоза меѓу тогашните властодршци и сопствениците на најголемите телевизии. Три телевизии со години биле ударната пропагандна тупаница на владата што ја предводеше Никола Груевски, покажуваат податоците што БИРН ги извади од базата „Отворени финансии“, пренесува Призма.

Повеќе од 26 милиони евра дала поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ на националните телевизии во периодот од 2010 до 2017 година, покажуваат податоците на БИРН.

Со точната бројка од 26,6 милиони евра се заокружува приказната за агресивната пропаганда на поранешната власт предводена од Никола Груевски. Преку нивната непринципиелна соработка од една страна агресивно се промовираа владините проекти, а од друга страна жолчно и често со лаги и со манипулации се напаѓаа опозицијата и сите инакумислечки луѓе и организации.

Доминантен дел од тие 26,6 милиони евра, преку деведесет отсто, владата ги дала директно од својот буџет, од ставката „други трансфери“, а министерствата и владините секретаријати придонеле со само неколку ситни проценти.

Исто така, огромен дел, дури 95 проценти од грандиозната сума завршила на контата на само три национални телевизии – Сител, Канал 5 и Алфа ТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот