Приведен убиецот кој 46 пати избоде скопјанец во Хром, а неговата мајка го запали станот за да го прикрие делото

Апсење /Фото: Профимедиа

Денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода триесет и деветгодишниот А.Д.од Скопје, за кого пред два дена беше распишан Централен распис за потрага, а во текот на вчерашниот ден беше поднесена и кривична пријава по брза постапка за извршени две кривични дела, “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, соопшти МВР.

Имено, по преземени сеопфатни оперативно-тактички мерки и активности во претходните неколку денови, лицето во 14.10 часот е забележано во близина на мостот “Обединети Нации” и при обид за бегство е фатено и приведено во полициска станица, по што ќе биде изведено пред надлежен судија.

Како што претходно информираа од ЈО, по извршена обдукција на 35-годишниот маж кој беше пронајден во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, констатирано е дека причина за смртта се убоди со остар предмет.

Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото.

По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата.

Во пожар во стан во скопската населба Хром загина 35 годишен маж

35-годишен маж почина во пожар во стан во Скопје

ОЈО: Oсомничени мајка и син за опожареното тело на 36 годишниот маж во Хром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот