Приведен маж од Селце, ја убил сопствената мајка

Полиција / Фото: МВР

Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при семејно насилство, со умисла ја убил сопствената мајка.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена​.

Како што информира ЈО, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.

– Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело „убиство” од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот