Фото: Архива

Приведен кичевец што поседувал револвери и муниција

На 12.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ј.Н.(27) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле два револвери „Екол Випер”, 19 куршуми, 21 сачми од ловечки патрони и 14 испукани ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот