Приведен Емил Јакимовски, МВР засега нема конкретни информации

МВР засега нема конкретни информации за овој настан.

Поранешниот вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски, денеска е приведен од полицијата по низата закани што ги упати изминатиот период и по пријавите што ги поднесоа новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, објавија повеќето медиуми.

МВР засега нема конкретни информации за овој настан.

Меѓутоа, засега нема информации за кое дело е приведувањето и дали е поврзано со последната пријава од Јордановска и Коровешовска или во врска со други пријави поднесени од претходно.

Јакимовски во средата беше повикан на распит во полиција поради заканите, а покрај новинарките тој им се заканувал на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Заканите кон неговите колеги биле веќе претходно пријавени во полиција.

Директорката на Централниот регистар минатиот викенд му даде и отказ поради нарушување на угледот на институцијата.

Тогаш беше хакирана и фејсбук-страницата на Централен регистар, од каде што објавија дека се сомневаат дека зад тоа стои токму Јакимовски, кој ја креирал страницата уште пред 10 години кога бил раководите на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот