Притворени тројца арамии од Битола

При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Основното јавно обвинителство Битола започна истрага против тројца осомничени разбојници кои украле 1.150 евра. Според ОЈО, тројцата на 27 јуни лани во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на жртвата.

„Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле внатре. Ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со нож и се заканиле дека ќе ја повредат. Додека едниот од осомничените ја држел жртвата, неговите „соработници“ пребарувале низ собите и украле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари. Судијата на претходна постапка за двајца од осомничените одреди притвор, а за третиот предложи куќен притвор“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот