Фото: Амбасада на Република Бугарија / Принтскрин

Притвор за кршачот на влезната врата на Бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство поведе постапка против 55-годишниот Ш.А. од Скопје кој во неделата ја искрши влезната врата на Бугарската амбасада.

Јавниот обвинител предложи да се определи притвор за осомничениот бидејќи постои можност за бегство и дека ќе го повтори кривичното дело.

– На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец – се вели во соопштението од ОЈО.

Ш.А. во неделата ја искршил влезната врата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје. Инцидентот е потврден со фотографии и видео, објавени од бугарското Министерство за надворешни работи, кое реагираше остро, оценувајќи го настанот како напад врз дипломатската мисија на државата. На видеото, напаѓачот се приближува до амбасадата и со силен удар замавнува кон вратата, по што заминува.

ВИДЕО: Камерите го фатија напаѓачот што ја скрши вратата на бугарската амбасада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот