Притвор за двајцата криумчари кои вчера нападнаа полицаец кај касарната во Гевгелија

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

По вчерашниот инцидент кај касарната во Гевгелија каде настрада мигрантка, по брза постапка е одредена мерка притвор за двајцата криумачри кои нападнаа полицаец, а едниот се обидел и да му го одземе службениот пиштол.

Полициските службеници од ПС за ГП и ГН “Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на м.в. “Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач, со ПМВ марка “Ford Focus” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот пак, во ПМВ марка “Mercedes” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото, соопштија од Основното јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полицаец ги предупредил со “Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, тој физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото.

Донесена е и наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот