Притвор за 38-годишен дилер на дрога од Велес

Триесет и осумгодишен дилер на дрога од Велес ќе заврши зад решетки откако судија од Основен суд Велес му одреди мерка притвор од 30 дена.

„Судија на претходна постапка од Основен суд Велес му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на А.М. (38) од Велес поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 23.03.2024 во 21.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(38) и Е.Д.(36), двајцата од Велес, затоа што кај А.М. биле пронајдени и одземени 34 пакувања со кафеава прашкаста материја и дигитална вага, а кај Е.Д. пронајдена и одземено едно пакување со марихуана“, информираат од МВР.

По документирање на случајот, од страна на СВР Велес е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка е одредена мерка притвор за А.М..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот