Пристигна Дејвид Гер, новиот амбасадор на ЕУ во Македонија (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гер денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски.

Дејвид Гер, новиот амбасадор на ЕУ во Македонија (ФОТО)
Дејвид Гер, новиот амбасадор на ЕУ во Македонија/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Амбасадорот Гир рече дека е воодушевен што е во Северна Македонија и што ја претставува Европската унија.  Тој вети дека во текот на целиот мандат ќе работи со институциите, политичките сили и сите чинители и сектори на општеството низ целата земја. Претседателот и амбасадорот Гер разменија мислења во врска со процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, напредокот што го направи земјата, како и идните реформи и предизвици што претстојат. Амбасадорот Гер ја изрази својата решеност да го поддржи процесот на позитивни реформи во интерес на слободите, просперитетот и безбедноста на обичните граѓани.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-Минатиот март, Советот на Европската унија ја донесе историската одлука за отворање преговори за членство со Северна Македонија. Ова се случи по значајните реформски достигнувања, тешките одлуки кои го потврдија избраниот правец на оваа земја- рече амбасадорот Гер.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Минатиот петок, 18 септември, амбасадорот Гер му предаде копија од акредитивните писма на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Министерот за надворешни работи Османи му посака добредојде на амбасадорот Гир, истакнувајќи дека тој доаѓа во исклучително важен момент за патот на земјата кон ЕУ, истакнувајќи дека неговото искуство и поддршка ќе бидат од голема вредност.

Мандатот на амбасадорот Гир како Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија е четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот