Принцот Вилијам пред венчавката на својата сопруга ѝ дал ветување кое не го прекршил никогаш

Profimedia
Profimedia

За разлика од многуте жени кои станале снаи во британското кралско семејство, војвотката од Кембриџ не морала да се согласи на некои тешки приватни откажувања…

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38) е многу блиска со своето семејство – родителите Керол и Мајкл, братот Џејмсон и сестрата Пипа Мидлтон. Како што пишуваат британските медиуми, нејзиниот сопруг принцот Вилијам ѝ ветил дека нивниот однос нема да настрада откако Кејт ќе стане член на кралското семејство.

Profimedia
Кејт со нејзината сестра Пипа / Profimedia

Во документарниот филм „Кејт Мидлтон: Од работничката класа до Виндзор“, новинарката Кејти Никол објасни дека Вилијам со тоа го прекршил стариот обичај неговата сопруга да го остави своето семејство зад себе.

Profimedia
Братот на Кејт, Џејмс Мидлтон / Profimedia

„Кога Вилијам ја запросил Кејт, јасно ѝ дал до знаење дека нема да мора да го остава своето семејство зад себе кога ќе влезе во неговото семејство. Ѝ ветил дека тие секогаш ќе бидат дел од семејството, а тоа е така и до денес. Така членовите на семејството на Кејт се присутни на бројни случувања кои ги организира кралицата“, истакна таа.

Profimedia
Мајката на Кејт, Карол Мидлтон / Profimedia

Најблиското семејство на војвотката секогаш присуствува на семејните собири, а на венчавката на сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, еден од гостите беше и братот на Вилијам, принцот Хари, додека на венчавката на Хари присуствуваше целото семејство Мидлтон.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот