Принцезата Дијана го свири Рахмањинов без ноти, професорот воодушевен од нејзината изведба!
Неодамна на социјалните мрежи повторно се појави видеото од принцезата Дијана како свири на пијано.
Препорачано
Снимката е направена во Мелбурн во 1988 година на кралската турнеја на принцот Чарлс и Дијана во Австралија.
На последниот ден од нивната посета на Австралија, двајцата го посетиле Мелбурн, а Дијана ги воодушевила своите обожаватели кога отсвирила дел од Рахмањинов – Концертот за пијано бр.2, без ноти пред себе.
Тоа било втора посета на Дијана на Австралија откако станала дел од британското кралско семејство. Овој настан е прикажан и во хит серијата „Круна“ на Нетфликс.
Видеото покажува како принцот Чарлс и принцезата Дајана влегуваат во просторијата за проби каде музичарите свират во полукруг.
По првичното двоумење, Дијана го зазеде своето место на пијано и започнува да свири концерт кој, според мислењето на музичките експерти, е крајно комплициран.
По ова, професорот, кој бил воодушевена од нејзините вештини, ја бакнал Дијана во образ.
Инаку, принцезата Дијана започна да свири пијано уште како мала и се вели дека била исклучително талентирана.


