Принцот Хари отвара нова медиумска битка: Ги тужи „Associated Newspapers Limited“

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во нешто што се навестува дека ќе биде нова битка со медиумите, принцот Хари ги тужи за клевета „Associated Newspapers Limited“, еден од најголемите британски медиуми, пишува „The Guardian“.

Судските поднесоци покажуваат дека принцот Хари поднел тужба против „Associated Newspapers Limited“ (ANL) во средата попладне. Тврдењата, наводно, се поврзани со напис објавен под наслов „Откриено: Како Хари се обидел да ја задржи својата правна борба за телохранителите во тајност“,(„Revealed: How Harry tried to keep his legal fight over bodyguards secret“).

Војводата од Сасекс, исто така, тужи за инвазија на приватност против „News Group Newspapers“, која го објавува „The Sun“, и „Mirror Group Newspapers“, сега „Reach“, која го објавува „Mirror“, поради наводно хакирање телефон и незаконско собирање информации.

Корпорацијата „Associated Newspapers Limited“ нема дадено изјава.

Принц Хари Меган Маркл
Фото: Instagram

Принцот Хари (37) е вклучен и во судски спор против Министерството за внатрешни работи за неговите безбедносни аранжмани кога е во Велика Британија. Принцот ја загуби полициската заштита финансирана од даночните обврзници кога тој и Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се повлекоа од кралските должности во 2020 година. Двојката приватно ја финансира својата безбедност во САД, каде што сега живеат.

Повлече линија: Принцот Хари се заканува со тужба доколку тој и неговото семејство не добијат полициска заштита во Велика Британија

Принцот ја оспорува одлуката на Министерството за внатрешни работи да не му дозволи лично да плаќа полициска заштита за себе и за своето семејство додека е во Велика Британија.

Хари сака да ги донесе синот Арчи и ќерката Лилибет на гости, но неговите адвокати велат дека тој и неговото семејство „не можат да се вратат во неговиот дом“ бидејќи тоа е премногу опасно. Ова следува по инцидентот во Лондон во летото 2021 година, кога неговата безбедност беше загрозена откако неговиот автомобил беше бркан од папарацо фотографи додека принцот напушташе добротворен настан.

Полицијата ги „чешла“ принцовите: Чарлс и Хари се под истрага!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот