Принцот Хари изгуби спор со британски таблоид: Мора да плати отштета од 48.000 фунти

Принцот Хари на судењето на 7 јуни / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот принц Хари мора да плати отштета од 48.000 фунти на издавачката куќа „Мејл он сандеј“, откако го загуби спорот за клевета против британскиот таблоид, пишува „Би-би-си“.

Меѓу многуте тужби поднесени од помладиот син на кралот Чарлс Трети против британскиот весник, една се однесува на напис за неговата полициска заштита додека бил во Велика Британија.

Во спорниот напис, објавен во февруари 2022 година, Хари е погрешно обвинет, според неговата одбрана, дека „лажел“ и „се обидувал да го задржи во тајност“ барањето до владата да му даде полициска заштита додека е во Велика Британија.

Откако неговото барање беше одбиено, судството му наложи да плати отштета од 48.447 фунти до 29 декември оваа година.

Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштија кралското семејство и Велика Британија, па повеќе немаат право на полициска заштита на сметка на британските даночни обврзници.

Помладиот син на кралот, кој поради тоа понекогаш мора да прибегне кон приватна заштита на сопствен трошок, побарал да може да користи полициска заштита, платена од негови сопствени средства, кога е во Велика Британија. Судот го одби тоа барање во мај.

Хари потоа започна втор случај, оспорувајќи го прекинот на систематската поддршка за неговата безбедност додека е во неговата матична земја.

Жалбата на Хари против Министерството за внатрешни работи на Велика Британија се однесува поконкретно на одлуката на властите во февруари 2020 година да му дадат полициска заштита само од случај до случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот