Принцот Чарлс со коментар за серијата „Круна“: Не сум ни блиску до она како што ме прикажале на „Нетфликс“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Последната сезона на хит серијата „Круна“ предизвика негативна кампања против принцот Чарлс и неговата сопруга, Камила, војвотката од Корнвол, а причината е нормално, тоа што во серијата се прикажани во негативно светло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)


На тоа предупредуваа многу познавачи на тоа што се случува во кралското семејство бидејќи Камила поради медиумските написи уште на почетокот беше неагитивката поради љубовта на јавноста кон Дијана. По толку години тешко, но успешно таа се ослободи од негативниот имиџ, но серијата повторно ја врати на самиот почеток.


Публиката дозна и нешто комплексно за односот на Чарлс. Покрај тоа што не сакал да стапи во брак со Дијана, бил и многу критичен кон неа, а некои ќе кажат и љубоморен, на нејзината глобална популарност. Во серијата принцот Чарлс е прикажан како повлечен, но и исклучително несигурен наследник на британската круна.


Досега тој не го искажуваше своето мислење во јавноста како е прикажан во оваа серија, но сега сепак проговори.

За време на престојот во Шкотска, каде присуствуваше на отворањето на парламентот, принцот Чарлс на шега го почна својот говор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

„Поздрав на сите, сакам да ви кажам дека не сум ни блиску до она како што ме прикажале на „Нетфликс“ – рече Чарлс и со таа изјава го привлече вниманието на присутните, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Моментно се снима шестата сезона на „Круна“, а петтата треба наскоро да почне со прикажување на малите екрани.


Добро упатени извори тврдат дека голем дел од британското кралско семејство ја следи серијата која го прикажува нивниот живот.


Серијата досега има бројни позитивни реакции од филмските критичари, а притоа е особено е популарна меѓу фановите на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот