Примарна легализацијата на канабисот за здравствени цели

Медицински канабис / Фото: Архива на „Слободен печат“

Првично било утврдено дека постои потреба да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис, како и да се даде можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис.

Членовите на работната група во Владата која ќе работи на законски измени за декриминализација и легализација на канабисот ја одржаа првата средба која била консултативна и на која бил утврден мандатот на групата, како и временските рамки за одредени истражувачки активности на оваа тема.

– Мислам дека има позитивни знаци, ова беше првична средба на која договоривме принципи на работа, динамика на работа, на кој начин ќе работи групата, поделивме и некои обврски помеѓу себе, но сметам дека сите сме согласни – вели Наташа Бошкова од „Коалиција Маргини“ за „Слободен печат“.

Бошкова нагласува дека ќе треба да се работи на законските измени кои ќе овозможат декриминализација на канабисот.

– На средбата имаше и претставници од бизнис сектори, на невладини организации, на државни институции и сите се сложивме дека е потребна реформа на законите. Во однос на деталите што таа реформа ќе подразбира со измени на конкретни закони, кои членови и што ќе содржат истите, ќе треба во понатамошните средби тоа да го дефинираме, но генерално можам да кажам дека сме на иста или слична линија за тоа што подразбираме под декриминализација и легализација на канабисот – додаде Бошкова.

Хајди Штерјова Симоновиќ од ХОПС – Опции за здрав живот вели дека е добро што за првпат сите засегнати страни имаат прилика на заедничка маса да дискутираат на оваа тема.

– Со задоволство можам да кажам пред јавноста дека, за првпат во Македонија, заедно со доносителите на одлуки, заедно со сите експерти сме собрани на едно место да може отворено и да речам со приближени ставови да разговараме. Наша главна и примерна цел е интересите на граѓаните. Значи, да имаат граѓаните олеснет, легален и евтин пристап. Да може канабисот да се користи за здравствените состојби или за други цели за кои луѓето го користат – изјави Симоновиќ за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Чекор поблиску до легализација на канабисот: Прва средба на работната група во Владата

Според неа, разните изрази кои циркулираат во јавноста, како декриминализација, депенализација, легализација, имаат свое значење.

– Декриминализација не значи само бришење или менување на одредбите во кривичните закони, тоа претставува на некој начин модел или концепт на политика на една држава којашто ќе подразбира, освен тргање на репресивните мерки, воведување на здравствено-социјални и економски мерки, што ќе олеснат легална достапност на возрасните луѓе до канабисот – потенцира Симоновиќ.

Како што информираа од Владата, на состанокот првично било утврдено дека постои потреба да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис, како и да се даде можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара.Другите барања и промени согласно законските регулативи допрва ќе се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот