Прилепчанка била удрена од возило

Вчера во 14.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Градската болница Прилеп била донесена Б.С.(79) од Прилеп со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

-Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека околу 12.30 часот на 14.06.2021 на ул,,Трајко Сандански“ во Прилеп била удрена од непознато возило, но не го пријавила случајот и не отишла на лекарски преглед, информира МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот