Прилепчанец превезувал нежигосани огревни дрва без документација

Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден полицијата го приведе 32-годишниот Ц.М. (32) од Прилеп бидејќи бил затекнат како превезува нежигосани огревни дрва, без соодветна документација.

На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран” без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација, соопшти МВР.

Ц.М. е задржан во полициска станица, а возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот