стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Прилепчанец пријавил дека му го украле автомобилот, вечерта го нашол запален

Од МВР информираат дека вчера во 19:20 часот, полицијата од Прилеп добила пријава за опожарено возило во сопственост на 57-годишниот С.П. од Прилеп, кое претходно тој ден било пријавено како украдено.

„На 03.08.2025 во 19:20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп, било пронајдено целосно опожарено патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(57) од Прилеп, кое претходно, истиот ден, било пријавено дека било одземено“, соопштија од полицијата.

Оттаму велат дека се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот