Пријава за шверцери на марихуана

Од МВР ја потврдуваат акцијата, а детали за истата најавија во текот на денов.

Триесет и две годишен велешанец и неговиот пријател од Основното јавно обвинителство се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Според ОЈО, на 22 јуни годинава тие во приколка од камион сокриле скоро 10 килограи марихуана.

„Двајцата по претходен договор, а со цел пренесување на дрогата, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвен материјал. Ноќта пред патувањето второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај село Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во 20 полиетиленски пакувања исполнети со марихуана сместени во две торби и еден куфер. Второосомничениот кога влегол во тварното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото. Кога осомничените во текот на ноќта, со товарното возило пристигнале на граничниот премин Стар Дојран, при излез од Република Северна Македонија била извршена контрола од  овластените службени лица и дрогата била пронајдена“, извести ОЈО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот