Пријава за разбојникот кој сакаше да ограби сендвичара

Илустрација/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против скопјанец кој во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“ на 17 овој месец, им вперил пиштол и ги нападнал двајцата вработени во во угостителскиот објект.

„Осомничениот откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол барајќи да му ги дадат парите од платниот промет. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да се заканува на втората оштетена и ги одзел паричните средства кои во тој момент ги имала кај себе. Откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата, осомничениот се оддалечил, испукал еден проектил од пиштолот и се дал во бегство.

Со дејствијата кои ги презел, осомничениот го извршил кривичното дело разбојништво. Ообвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, околности кои што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека постои страв  дека ќе го повтори кривичното дело“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот