Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија” кај Струмица

Фото: МИА

Кривичниот совет при Основниот суд во Струмица го прифати обвинението за извршено убиство против 54-годишниот М.В. од село Добрејци. Обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија”.

Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, главната расправа треба да се одржи идниот месец, а датумот на одржувањето дополнително ќе биде утврден.

Полицијата го сомничи М.В. дека е сторител и на уште едно убиство врз 62-годишниот А.М. извршено од користољубие на подмолен начин лани на 9 октомври, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија” на 5 август годинава. За овој случај ОЈО Струмица нема подигнато обвиние поради немање доволно докази. Според информации од Обвинителството, интензивно се работи на собирање докази за подигнување обвинение.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица обвиниетиот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Убиство”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот